Refund policy

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да го замените за друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на меил petcentarmk@gmail.com. Притоа ќе ни кажете кој производ го сакате за замена и неговиот код. Нашиот тим ќе направи проверка во кој продажен салон е достапен бараниот производ.

Производот мора да биде неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување. По прием на производот ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку настанало оштетување на производот, замената ќе биде одбиена и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Сите производи кои се купени преку нашиот Online Shop и  сакате да ги замените со други ќе мора со договор и комуникација со операторите. Не може самоиницијативно да се направи замена во малопродажните објекти.

РОК НА ЗАМЕНА

Процедурата за замена на производот може да се започне најдоцна во рок од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за замена на производот се на товар на купувачот, освен во случаеви кога купувачот добил неисправен или грешен производ.